Претежно облачно, претпладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне со услови за слаб дожд, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.
