Во западните делови променливо облачно со сончеви периоди, во источните значително облачно, претежно со врнежи од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено во источните делови и вдолж Повардарието, каде на места ќе достигнува брзина и над 65 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Во среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови од замјава. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
