Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат најпрвин во јужните делови, а потоа ќе се прошират насекаде. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на ноќта и утре претпладне вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно и магловито, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. T=10°C. P=972hPa. U=77%. V=1m/s.
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.
