Екс премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес-конференција рече дека е сигурен како неговата партија ќе победи на следните предвремени парламентарни избори на 12 април.
„Претходно имаше опасност, но сега сум сигурен дека ќе победиме на изборите“, изјави самоуверено Заев на денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ.
