Претпладне сончево и топло со мала облачност – температурите до 30 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претпладне сончево и топло со мала облачност. Минималната температура ќе се движи од 10°C до 17°C, додека пак максималната температура од 22°C до 30°C.

Попладне претежно на истокот и североистокот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УВ индексот изнесува 8.

Од понеделник следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.