Претрес на дом во Кичево, пронајдена дрога, затекнати неколку лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 13.01.2021 година, при претрес во домот на С.М.(40) од Кичево во кој живеела и Л.М.(26), при користење опојна дрога хероин, затекнати се А.К.(26), С.Х.(25), С.З.(22), Р.Б.(27) и С.К.(28), сите од Кичево. Притоа, пронајдени се хероин, кесички со марихуана и прибор за користење опојна дрога. Сите лица се приведени, предметите се одземени и по целосно документирање на настанот ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.