Доцна сииноќа полициска акција во населба во Кичево и село Пласница.
Мета на полицијата биле две лица, Ерџан Сулкоски, кој работел како управител на бензинската пумпа „Пуцко петрол“ и Асмир Јахоски, сопственик на компанијата.
Лицата се осомничени за тешки кривични дела, како што е злоупотреба на финснсики средства.
-Синоќа беше спроведена полициска акција во Кичево, а тука каде што се наоѓаме е претресен станот и уапсен Ерџан Сулковски, а според информации на ТВ21 кај него била пронајдена значителна сума пари. Акцијата оттука продолжи во селото Пласница во канцелариите на семејството Јахоски каде според нашите информации се запленети разни технолошки средства и пари, пренесува репортерката на ТВ21, Салије Садику Пинџоли.
Запленет е и автомобилот на Ерџан Сулкоски. Во меѓувреме, оружје е пронајдено и во куќата и канцелариите на Пуцко Петрол или семејството Јахоски. Се дознава дека полицијата наишла на отпор од таткото на Асмир, поточно пратеникот Исмаили Јахоски, но полицијата ги отворила канцелариите.
По одлуката на судот, извршени се проверки на повеќе локации во Скопје, Битола и Кичево, на физички и правни лица за сторен прекршок во врска со внесување сомнителни деривати во нашата земја, како и злоупотреба на средства.