Претрес во скопско Љубанци – пронајдени оружје и муниција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 12.04.2022 од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи при СВР Скопје, ЕВР – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за службени кучиња, по претходно добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом и други простории кај Д.К.(75) од с.Љубанци.

При претресот се пронајдени еден револвер „Застава“, еден  револвер “Ekol viper”, еден сигнален пиштол, три рамки за муниција, две цевки – пригушувачи, 24 куршуми, шест рамки од пушки, еден самострел “Lightning by Barnett”, четири стрели за самострел.

Д.К. е лишен од слобода, приведен и задржан во полициска станица, во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.