Претрес во Тетово, приведен дилер, запленети кокаин и марихуана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 јули)  извршиле претрес во домот и помошните простории на 20-годишниот тетовец Ф.М. на улица „146“ во Тетово.

При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се 5 пакувања кокаин, 1 пакување марихуана и 1 дигитална вага.

Ф.М. e лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

По документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци“ и прекурсори“, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.