Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен стана баба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Инстаграм се пофали дека првпат станала баба.

Поранешната германска министерка за одбрана и мајка на седум деца објави фотографија од себе и нејзината внука со хаштаг #ГордаБаба и опис дека станува збор за „магичен миг“. Фон дер Лајен не ги откри името на детето, точниот датум на раѓање и името на родителите. Таа само рече дека добила внука.

„Првиот пат кога ќе ја прегрнеш својата внука е еден од оние мигови по коишто ти минува сè пред очи и те потсетува на она што е навистина важно во животот“, напиша политичарката.

Со нејзиниот сопруг, лекарот и академик Хејк фон дер Лајен, таа израсна седум деца, родени меѓу 1987 и 1999 година.

Пред да го преземе кормилото на ЕК, Фон дер Лајен водеше три различни сектори во германската Влада – одбрана, труд и семејство.