Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова го осуди „бруталниот и безмилосен“ обид за атентат врз премиерот Роберт Фицо.
„Во шок сум. Му посакувам на Роберто Фико многу сила во овој критичен момент и брзо закрепнување од нападот“, додаде таа.
Да потсетиме, премиерот Роберт Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ. Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава.
Напаѓачот е уапсен на лице место.