Претседателот на ФИФА: И Северна Кореја може да биде домаќин на Светското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино вчера, за време на неговата бизарна прес-конференција, призна дека нема да има ништо против дури и Северна Кореја да го организира Светското првенство во фудбал.

Лидерот на светската фудбалска организација, кој е на чекор до освојување на трет претседателски мандат, вели дека секоја земја има право да го организира Светското првенство.

„Секоја земја има право да биде домаќин. Доколку Северна Кореја сака да биде домаќин на нешто … Пред неколку години бев таму за да проверам дали се подготвени да го организираат Светското првенство за жени заедно со Јужна Кореја. Очигледно не бев успешен, но би одел уште 100 пати ако направи разлика“, изјави Инфантино и додаде:

„Само со активно дејствување можеме да промениме нешто. Ние сме глобална организација и мора да се стремиме да ја исполниме нашата цел, а тоа е да го обединиме светот околу најважното споредно нешто во светот – фудбалот“

Да потсетиме, Северна Кореја нема играно на Мундијалот од 2010 година кога играше во Јужна Африка, а моментално е 112-та репрезентација во светот и една од воено најактивните земји во светот, најпозната по своите контроверзниот лидер Ким Џонг-ун и истрелувањето балистички ракети со цел тестирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: