Претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс, денес изјави дека Русија не е подготвена за мир и не сака да ја заврши војната што, како што изјави, ја започнала сама.
„Вистината е едноставна: Украина е подготвена за мир, Русија не е. Безусловно и непосредно примирје од 30 дена е добар почеток за мировниот процес“, напиша тој на социјалната мрежа X.
Претседателот на Латвија додаде дека Русија ја започнала оваа војна и не сака да ја заврши, па затоа таа е единствената одговорна за континуираното крвопролевање.
