Претседателот Пендаровски ја потпиша наредбата за ангажман на Армијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски ја потпишал наредбата за ангажман на Армијата за поддршка во справувањето со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, потврдуваат од Кабинетот на претседателот за ТВ21.

„Врз основа на уставните надлежности, а по добиеното барање согласно проценките на кризниот штаб, претседателот Пендаровски ја потпиша наредбата за ангажман на Армијата за поддршка во справувањето со кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19“, посочуваат од Кабинетот за ТВ21.

Од таму велат дека наредбата е потпишана доцна попладнево.

Претходно министерката за одбрана Радмила Шекеринска посочи дека Врховниот командант на Армијата, односно претседателот Стево Пендаровски треба да даде зелено светло, за од утре армијата да започне да ги обезбедува здравствените објекти.

Војниците ќе им помагаат на полицајците за зачувување на редот во здравствените објекти, од кои повеќето се ковид-центри, со цел на здравствените работници да им обезбедат подобри услови за работа.