Претседателот Пендаровски ќе го отвори 61-то издание на Охридско лето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва – 12 јули 2021 година, понеделник, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на 61-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид со почеток во 21:00 часот.

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе се пренесува во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата и на YouTube каналот на Претседателот.

Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, којшто традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, годинава свечено ќе биде отворен со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски“ во изведба на уметниците од Националната опера и Балет.