При царски рез, на бебето му е скршена раката – Јовановска: Не станува збор за грешка, бебето беше во попречна позиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

При породувањето со царски рез бебето се здобило со скршеница на раката. За настанот кој се случил во саботата на Клиниката за гинекологија Мајка Тереза во Скопје, алармираа родителите,кои се пожалија до медиумите дека не им било дозволено да го видат бебето и дека не им било кажано дека на бебето му е скршена раката.

За ова, директорката на Клиниката, Викторија Јовановска вели дека не сакале да ја вознемират мајката без да бидат сигурни, бидејќи најпрво не приметиле дека на бебето му отекла раката.

Новороденчето нема да има последици вели Јовановска, која додава дека ова се случило поради големото количество плодова вода и конструкцијата на мајката, поради што бебето се свртело на стомак и било во попречна позиција. За случајот е формирана комисија која ќе ги истражи сите околности.

Мајката се породила во саботата, околу 18 часот со царски рез што го извела докторката Маја Котева Мираковска.