Пријавено исчезнување на 58-годишен маж – последен пат виден на Клиниката за онкологија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Семејството на Вечко Милановски пријави дека тој е исчезнат, а последниот контакт со него бил остварен на 18 ноември 2025 година, околу 12:50 часот, на Клиниката за онкологија „Мајка Тереза“ во Скопје. По тој момент, од него нема никаков траг, информира неговиот син преку објава на социјалните мрежи.

Според објавата, Милановски бил во Скопје со бел Nissan Qashqai со регистарски таблички КУ-8630-АИ.

„Доколку имате каква било информација, ве молам контактирајте ме на 078/577-598“, стои во апелот од семејството, кое повикува на помош од јавноста во пронаоѓањето на исчезнатиот.