Министерството за здравство од сега не бара задолжителна верификација преку мобилен телефон при пријавување за вакцинација.
Опцијата беше достапна во текот на денот, но кај голем дел од граѓаните не функционираше.
И редакцијата на ТВ21 се обиде да поплни пријава, но заглавивме токму кај чекорот за верификација.
Од попладнево тој дел е избришан од апликацијата, а останато е само полето за внесување на мобилен телефон за контакт.
Во текот на денот неколку пати веб страницата беше и недостапна, односно се појавуваше серверска грешка поради оптеретеност.
Веб страницата за пријавување за вакцинација е: https://vakcinacija.mk/
