Прилеп, Куманово, Битола – нови жаришта на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според последните податоци од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, Прилеп, Куманово и Битола се нови жаришта на Ковид-19. Прилеп со 1099, Куманово со 1047 и Битола со 996 активни случаи се рекордери во земјава, по анализата на ТВ21.

Ова се нови градови кои се со најголем број на активни случаи. Претходно, откако во земјава беше детектиран британскиот сој на вирусот, рекордери со активни случаи беа Охрид, Прилеп, Кавадарци.

ГрадАктивни случаи
Прилеп1099
Куманово1047
Битола996
Охрид794
Велес788
Кавадарци709
Тетово651
Гостивар505
Штип464
Струмица412
Гевгелија381
Неготино369
Кочани273
Струга245
Кичево223
Ресен199
Радовиш134
Свети Николе120
Крушево120
Берово118
Крива Паланка102
Виница102
Делчево97
Валандово88
Пробиштип80
Демир Капија72
Богданци69
Дебар57
Македонски Брод42
Демир Хисар41
Пехчево28
Кратово26
Македонска Каменица17
Дојран15
Извор: Министерство за здравство

Инаку денеска се регистрирани 301 нов случај на коронавирус и 37 починати лица.