Принцот Филип излезе од болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Принцот Филип денеска ја напушти болницата во центарот на Лондон, каде помина речиси еден месец под надзор на медицинскиот персонал, објави Би Би Си.

Војводата од Единбург (99) беше хоспитализиран во болницата „Крал Едвард VII“ на 16 февруари откако имал одредени здравствени проблеми, а подоцна во лондонската болница „Свети Вартоломеј“ му е извршена успешна интервенција во врска со состојбата на срцето.

По 28 денови поминати на лекување, ова е најдолгиот престој на принцот Филип в болницата, а точната причина за неговиот прв прием не се открива. Бакингемската палата соопшти дека неговата хоспитализација не е поврзана со коронавирусот, пренесува Би Би Си.