Првата пратка од 250 илјади вакцини на Синовак, пристигна на скопскиот аеродром, објави на својот „Фејсбук“ министерот за здравство Венко Филипче.
Се очекува да пристигне и втората пратка, со што ќе се комплетираат пола милион вакцини кои од утре ќе бидат пуштени во употреба.
„Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот Синовак слета утрово на скопскиот аеродром. Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите.“, напиша Филипче на „Фејсбук“.
