Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните медиуми информираше дека денес во земјава пристигнаа 30.000 вакцини на Синовак, кои се донација од Турција.
„Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција. Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“, напиша Филипче на Фејсбук.
