Поради постоење основи на сомнеие за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од Охрид. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е префрлен во казнено поправна установа во Скопје. Пријавениот, на 14.05.2020 година во 12 часот и 10 минути, влегол во просторијата на акционерското друштво ,,Македонски Пошти“ лоцирана на улицата „Никола Карев“ во Охрид и, со употреба на остар предмет и закана, од вработените ги побарала парите од прометот. Околу 12.30. тој е пронајден и приведен а пронајдени се парите и користениот предмет.
