58-годишен маж од Скопје е уапсен откако е осомничен за силување на 13-годишно девојче, јавува ТВ21. Според полицискиот извештај, тој ја фотографирал и жртвата.
„СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М. (58) од Скопјe, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете под 15 години“, казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Според тоа, на 15.04.2026 година, во Скопјe, тој силувал 13-годишно девојче и го фотографирал“, велат од МВР.
Полицијата додава дека му се запленети мобилниот телефон и автомобил „Мерцедес“.
„Лицето е лишено од слобода, а од него се одземени мобилен телефон и патничко возило „Мерцедес“. Судијата на претходна постапка одреди мерка притвор за осомничениот“, велат од Полицијата.
