На 07.03.2020 во 00.10 часот на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(21) од с. Теарце, тетовско, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен
во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.03.2020 во 01.15 часот на ул.„Женевска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(23) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.03.2020 во 02.10 часот на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И.(28) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
