Притворени две лица од Делчево – пронајдена прашкаста материја

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поради поседување недозволени психотропни супстанци, две лица на возраст од 21, односно 28 години, се притворени во полициската станица во Делчево.

-На 15 октомври 2021 година во 23:30 часот полицијата ги лиши од слобода 28 годишниот М.Д. и С.К (21).

Кај двајцата Делчевци при извршен претрес пронајдена е прашкаста материја поради што се приведени во полициската станица, информираат од полицијата.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава.