Приватните автобуси ќе почнат да сообраќаат – постигнат договор со Град Скопје за долгот од 1,5 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најдоцна до 20 март приватните автобуси ќе почнат да сообраќаат во рамките на јавниот превоз, но со други линии, а не со досегашните. Велат дека досегашното нерешавање на проблемот е последица на претставниците.

„До сега бевме изманипулирани од старите претставници, не лажеа. Бидејќи ни се закануваа ние да не зборуваме, бевме изманипулирани од луѓето кои беа досега. Ние веќе ги изолиравме, тие за нас се историја и не постојат. Сега сме нов тим и со барање до Град Скопје не примија и работата е во ред.“, изјави Мемет Асани, приватен превозник.

Приватните превозници велат дека Град Скопје, односно ЈСП ќе им го плати долгот од 1,5 милиони денари, по што околу 200 автобуси кои не сообраќаат 5 месеци ќе почнат да работат со нови услови за кои превозниците велат дека се задоволни.

Потсетуваме дека приватните превозници неколку дена по ред ја блокираа главната крстосница во главниот град во ноември 2022 година, а градоначалничката на Скопје инсистираше дека не им должи ништо, но инспекцискиот надзор го покажа спротивното.