И понатаму претпочита да се држи подалеку од камерите, но денеска новинарите ја затекнаа градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и ја прашаа за неисплатениот долг кон приватните превозници. Арсовска вели дека нема да дозволи некој да си поигрува со судбината на другите за свои политички цели.
Од друга страна пак, приватните превозници и понатаму чекаат на средба со премиерот. Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека ќе стојат зад барањето за средба, но доколку не се изнајде решение, ќе преземат други активности.
Премиерот Димитар Ковачевски, уверува дека средбата со приватните превозници ќе се одржи откако ќе ги добие податоците од УЈП за долгот меѓу Град Скопје и превозниците. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, Христијан Мицкоски, вели дека средбата на Ковачевски и превозниците е смислена однапред, со цел Ковачевски пред граѓаните да излезе како „добриот“, а Арсовска како „лошата“ и така да ѝ наштетат на ВМРО-ДПМНЕ.
