Приведен охриѓанец со 1,41 промили алкохол – агресивно се однесувал кон полициски службеници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 17.10.2025 година во 18.50 часот, на улицата „Ристо Чадо“ во Охрид, приведен е Н.Р.(67) од Охрид кој бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија.

По извршено алкотестирање, кај него утврдено е присуство на 1,41 промили алкохол во крвта по што е задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.