Десет приведени низ цела држава изминатото деноноќие, при преглед им е пронајдена дрога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 24 и 25 јуни во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ч.Ј.(47), А.Т.(19), Е.Р.(48), Б.Х.(27), Д.А.(18), Ж.Е.(48), Е.Е.(39) и Д.Д.(53), сите од Скопје, Кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и шишиња со течна материја, соопшти МВР.

Освен тоа, на 24 јуни во Градскиот парк во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Д.Н.(37) од Свети Николе затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.

Вчера утрото, на Граничниот премин Табановце на влез во државата, полициски службеници ја лишиле од слобода и Д.Ц.(31) од Србија. При контрола и преглед на возилото „мерцедес“ со австриски национални ознаки, во кое била сопатник, во нејзината торба била пронајдена и одземена марихуана.

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.