Приведени две лица во врска со „Јавна соба“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека МВР влегло во трага и уапсени се две лица во врска со случајот „Јавна Соба“.

„Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.
Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.“, напиша Спасовски на својот профил на „Фејсбук“. 
 
Претходно премиерот Зоран Заев објави дека е побарано од „Телеграм“ бришење на групата, или во спротивно, ќе следува блокирање на апликацијата на територијата на земјава.