Приведени Ејуп Рустеми и уште три лица – се очекува уште најмалку 15 други во текот на неделава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи досега уапси неколку неколку лица меѓу кои Ејуп Рустеми (екс директор на ЈПДП), дознава ТВ21.

Според информациите на ТВ21, приведени се и Дрилон Зибери (раководител на одделение за наплата на патарини и контрола), Ејуп Љатифи (помошник директор за оддржување на патишта) и Џемал Билбиловски (сопственик на 2СС обезбедување).

Во текот на неделата, се очекува приведување на уште најмалку 15 други лица. Се работи за поранешни и сегашни службеници и раководители во повеќе институции како ЈПДП, Македонијапат, Пазарна инспекција, како и во секторот рударство.