Приведени возачи од Битола и кривопаланечко, управувале возила под дејство на алкохол

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 01.10.2025 во 00:16 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Т.(40) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „пежо”со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Т., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.

На 01.10.2025 во 01:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Г.Ѓ.(51) од село Конопница, кривопаланечко. Постапувајќи по претходна пријава дека во село Тлминци, кривопаланечко, управувал товарно моторно возило под дејство на алкохол, полициските службеници го сопреле возилото и по преземени мерки измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.