Приведено лице кое пукало кон стан во Струга, при претресот кај него пронајдени кршуми и дрога

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 30.10.2025 во 22 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Г.М.(48) од истото село. При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја. Г.М. се сомничи дека ноќта на 29/30.10.2025 со пиштол пукал кон стан во зграда во Струга, при што е направена материјална штета, а повредени лица нема. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против Г.М. ќе поднесе соодветни кривични пријави.