Проблем со фекалните води во Арачиново – потребни се 10 милиони евра за изградба на прочистителна станица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Каналот со фекални води поминува низ Арачиново. Од таму се шири лоша миризба и жителите кои живеат во тој дел се жалат дека тоа им го отежнува животот. Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, вели дека засега планира да го покрие каналот до пронаоѓањето на конечно решение. Во Дејли Клик изјави дека за да се реши прашањето со фекалните води, на општината и се потребни 10 милиони евра за прочистителна станица, а за да се приклучи на прочистителната станица на градот Скопје потребни се помалку средства.

„Колку за информирање, јас подготвив проект и документација за станицата за фекални води, и првите пресметки покажуваат дека потребни се околу 10 милиони евра на општината за да имаме прочистителна станица ние како општина. Но од друга страна доколку ни се овозможи да се приклучиме во прочистителната станица на град Скопје, би биле потребни многу помалку средства за да се вклучи во прочистителната станица затоа се надевам дека тоа ќе биде едно спроведено ветување од Министерството и автоматски ќе има голема заштеда“, вели Ридван Ибрахими.

Друго прашање е и стадионот кој е ветен дека ќе се изгради од ФФМ но досега не е реализирано ништо. Сето тоа, според Ибрахими, се случува бидејќи немаат соодветна локација, а местото кое општината го предвидела изградба не е соодветно.

„Јас јавно кажувам, пронајдете друго земјиште кое ги исполнува условите, таму ќе се позиционираме“, вели Ридван Ибрахими.

Велите нема моментално?

„Нема. Ние може да излеземе терен каде не можеш да обезбедеш капка вода, имајќи предвид дека за спортските терени потребни се и други услови, но тоа не е единствениот  бидејќи не случајно сме позиционирани таму со стадионот поради коридорите кои ги имаме, значи се поврзува со аеродромот и со коридорот кој поминува преку нашата општина бидејќи на главниот град и е потребен стадион со висок стандард, како што е во нашата општина“, вели Ридван Ибрахими.

Потсетуваме дека градоначалникот на Арачиново во последно време се соочи со неколку проблеми и доби закани, но во текот на разговорот рече дека продолжува да работи во интерес на граѓаните, а за да биде слободен ја има поддршката на институциите и граѓаните.