Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти рече дека неговиот клуб нема да учествува на ФИФА Светското клупско првенство, кое во 2025 година ќе се одржи по нов формат и со 32 тима. Тој е убеден дека и другите екипи ќе го направат истото.
Новото натпреварување ќе дебитира идната година, и ќе треба да се одржи со 32 екипи.
„Реал Мадрид нема да игра на Светското клупско првенство на ФИФА“, рече Анчелоти.
„Еден меч на Реал Мадрид вреди 20 милиони евра, а тие пари ги даваат за цел турнир. Ние, и други клубови ќе ја одбиеме поканата“, вели Анчелоти.
