Заминувањето на Аљтрим Мамути од Алијанса за Албанците, кој е претседател на огранок во Тетово, предизвика дебата во јавноста. Портпаролот на партијата, Фљакрон Беџети во „Клик Плус“, рече дека одлуката на Мамути била од лични интереси и дека си заминал сам.
„Сам замина и не го поддржа ниту еден претседател на под-ограноците, ниту раководството на огранокот. Воопшто не го гледаме како проблем, дури можам да кажам дека му се заблагодаруваме на неговиот ангажман“, истакна Фљакрон Беџети.
ТВ21 контактираше со Мамути, кој ги отфрла тврдењата на Беџети, истовремено обвинувајќи го дека неколкупати менувал партија.
„Видов тенденција за минимизирање дека наводно сум заминал сам и тоа за лични интереси, а реално јас претходно не бев член на ниту еден политички субјект. А заменикот, Тетово знае и сите други знаат, смени 3-4 партии додека да се пронајде себеси“, вели Аљтрим Мамути.
Мамути вели дека на настојување на лидерот на партијата, Зијадин Села, кандидатите за пратеници се избрани само со акламација.
„Ние изгласавме со акламација на инсистирање на претседателот на партијата, со образложение да нема поделби, а подоцна не се испочитува“, додаде Аљтрим Мамути.
Во синоќешното издание на „Клик Плус“, Беџети ги негираше тврдењата на Мамути, уверувајќи дека било запазено начелото – еден член, еден глас.