Проблеми со Фејсбук: Корисниците не можат да праќаат, ниту да примаат пораки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Постои голем проблем со „Фејсбук месенџер“. Голем дел од корисниците не можат да примаат ниту да праќаат пораки.

Тоа се случи попладнево. Доколку сте се обиделе да испратите или да примите порака преку оваа апликација, веројатно сте искусиле некое од следните сценарија: пораката изгледа како да е пратена, но примачот не ја примил, и јавува дека немате врска со интернет.

Чини се дека проблемите не ја „заобиколија“ ниту Македонија.

Пријавени се проблеми околу пораките и на „Инстаграм“.

Засега нема никакви соопштенија од „Фејсбук“ за каков проблем станува збор.