Проблеми со извршителите, здруженијата повторно на протест пред министерство за правда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нов министер, исти проблеми со извршителите. Здруженијата кои се занимаваат со работата на извршителите, повторно се собраа пред Министерството за правда како најава за протест. Барањата им се исти, бараат со закон да се регулира извршителите да бидат дел од судската власт и нивната работа и на нотарите да ја надгледува Министерството за правда.

Марјан Ненов од Но пасаран вели дека 10 години се одолговлекува проблемот со сметките за греење и ниедна влада не го решила тоа прашање. Бараат разрешување на судии од Апелација и од Граѓанскиот суд бидејќи, како што велат, се поврзани со мрежата на извршителите и бараат одговорност.

Од здруженијата велат дека станува збор за профитерска шема во која долговите на граѓаните се измислени и нереални. Најавуваат протести доколку нивните барања не се земат предвид од страна на Министерството за правда.