Државниот секретар на Невада изрази загриженост поради големиот број гласачки ливчиња одбиени во окрузите Кларк и Вашо, пренесоа американските медиуми.
Потписот на гласачот од Невада на пликот за гласање мора да одговара на потписот во базата на податоци на гласачите. Секое несовпаѓање мора да се коригира пред да може да се преброи гласачкото ливче.
„Њујорк тајмс“ објави дека федералната влада синоќа идентификувала повеќе од 11.300 неважечки гласачки ливчиња во округот Кларк и повеќе од 1.800 неважечки ливчиња во округот Вашо.
Си-Ен-Ен објави дека државниот секретар Франциско Агилар им испраќал пораки на гласачите кои треба да ги потврдат своите потписи пред да им се пребројат гласачките ливчиња. Крајниот рок за процесот на верификација е 12 ноември.
