Проблеми во проширувањето на „Качанички пат“ – Арифи: Узурпирано е државно земјиште, треба итно да го ослободат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Физички и правни лица не дозволуваат проширување на магистралниот пат кој води кон Блаце, познат како Качанички пат. Според директорот на Инспекторатот за градежништво и урбанизам, Фатмир Арифи, повеќето од нив узурпирале државно земјиште, но има и лица кои таму имаат приватен имот. Како што вели, тие мора да ги отстранат оградите или во спротивно ќе им бидат изречени казни, а ќе бидат обврзани и да ги платат трошоците за нивното отстранување

„Во текот на денешниот ден со инспекторите од нашата управа сме на терен поради пречките со неколку железни и бетонски огради, кои физички и правни лица не ги отстрануваат своеволно. Ние сме во контакт со општина Бутел за нивното отстранување, независно дали е државен или приватен имот. Поголемиот дел е државно земјиште“, вели Фатмир Арифи.

Иако инспекторатот веќе пет месеци по ред бараа отстранување на железните и бетонските огради, сепак ништо не се презема. Арифи вели дека оние кои што имаат имотен лист за имотите, парцелата ќе им биде компензирана во парични средства преку судски пат.

„Доколку се приватни имоти тогаш ќе им се надомести. Тоа оди преку суд. Но тоа не значи дека не можеме да ги тргнеме, треба да ги тргнат што поскоро. Имаме две случаи во кои е узурпирано државно земјиште. Во координација со општина Бутел сме подготвиле записник и сигурно тие записници ќе ви бидат доставени и на вас медиумите“, додава Фатмир Арифи.

ТВ21 контактираше и со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Не информираше дека општината ќе делува откко ќе ја потврди состојбата на терен.

„Општинската градежна инспекција излегува на терен најчесто по пријава на граѓани, во случајот со Качанички пат може општинската инспекција да постапи и без пријава, следната недела инспекторите ќе излезат на терен за да вршат увид во фактичката состојба на оваа место. Секако дека согласно проектот за инфраструктура и основниот проект согласно закон ќе се отстранат сите узурпирани површини и објекти кои што се на трасата“, вели Дарко Костовски.

Според информациите на ТВ21, овие пречки мора да се отстранат најдоцна до 18 јули. Во спротивно, државните органи ќе постапат и тогаш фирмите ќе треба да ги платат трошоците за нивно отстранување, а нема да ја избегнат казната за узурпација. Сопствениците на деловните објекти кои гравитираат околу овој пат, зад камерите ни рекоа дека за нив проширувањето и изградбата на трасата е од витално значење бидејќи на овој начин ќе им се олесни работењето на бизнисите, нешто што со години го чекаат.