Вака зборуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред зиборите, за да не биде условуван од ДУИ за премиер Албанец. А сега кога завршија изборите, токму бројката на пратеници на ДУИ е одлучувачка за формирање Влада. Но дали е можно СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да разменат пратеници една со друга само и само да не се оствари идејата на ДУИ за премиер Албанец. Според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оваа идеја е многу опасна.
Прашавме во партијата на Мицкоски дали веруваат во своите пратеници и дали има шанси повторно да се случи отцепување на пратеници од партијата како што се случи со 8 пратеници од претходниот состав.
Аналитичарот Арбен Лала рече дека ако се случи такво нешто, ќе има политичка дестабилизација..
Инаку СДСМ победи на изборите на 15 јули со 46 пратенички мандати, а лидерот Зоран Заев како мандатар ќе треба да ја формира новата влада. На Заев ќе му требаат уште 15 пратеници, но од партијата на Ахмети се одлучни дека договор може да се постигне само со реализирање на идејата за премиер Албанец. Од друга страна коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 44 пратеници, АА и Алтернатива 12, Левица 2 и ДПА 1.
