На трансатлантскиот форум во Конгресот на САД, пратениците Драган Ковачки, Славјанка Петровска и Илир Хасани остварија средба со конгресменката Деби Дингел, ко-претседавач на Американско-македонскиот кокус.
На средбата тие изразија искрена благодарност за континуираната и исклучително важна поддршка што САД ѝ ја даваат на Северна Македонија, како во процесите на евро-атлантската интеграција, така и во зајакнувањето на нашата безбедност, одбранбени капацитети и демократски институции.
На крајот од средбата беше ставен акцент на потребата да продолжи продлабочувањето на соработката со американските сојузници и зацврстувањето на местото на Северна Македонија како доверлив партнер во НАТО.
Пратениците остварија и други средби со претставници на Конгресот.
