Орце Камчев ќе остане во притвор и во следните 30 дена во затворот „Шутка“, откако Кривичниот совет му го продолжи притворот. Судиите сметале дека бизнисменот може да се крие или да се даде во бегство, па од тука мерката продолжување на притворот.
„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП“, информираа од Кривичен суд.
Притворот на Камчев му е одреден за предметот „Плацеви на Водно”.
