Продолжува борбата со пожарите во Блаце и Чучер Сандево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Борбата со пожарите т продолжува и денес. Центарот за управување со кризи извести дека до пладне во земјата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворени површини, од кои девет се сèуште  активни, а само еден е локализиран. Пожарите од Блаце  што почнаа во  неделата, синоќа се проширија кон планините Чучер Сандево.

Екипата на ТВ 21  беше до Манастирот Свети Никола.

„Зад мене можете да го видите чадот и огнот од планините на селото Горњанци во Чучер Сандево, кои противпожарните екипи успеаја да ги лоцираат, но не и целосно да ги изгаснат. Властите соопштија дека околу 90% од пожарите што горат веќе два дена не се изгаснати, но сè уште се борат и од земја и од воздух за да ги изгаснат сите пожари, кои се во областа на Блаце и Чучер Сандево.“, вели репортерот на ТВ21.

Властите велат дека ситуацијата во општина Чучер Сандево повеќе не е загрижувачка, бидејќи пожарот во близина на селата Блаце и Чучер продолжува да гори во мешани шуми и ниска вегетација. Теренот таму е непристапен, додека временските услови и силните ветрови дополнително ја отежнуваат интервенцијата. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов рече дека некој намерно го запалил пожарот.

„Утрово, додека пожарникарите го гаснеа пожарот, кој е ставен под целосна контрола, тие пронајдоа дрвени палети на неколку места за кои се верува дека биле полеани со бензин и фрлени во грмушките. Некој намерно се обидел повторно да го активира овој пожар наутро, кој е ставен под контрола“, вели Стојанче Ангелов.

Исто така, во Прилеп, во близина на селата Бешиште и Македонски Брод, има и други активни пожари – два пожара: еден помеѓу селата Црешнево и Слатино каде гори  дабова шума,и  вториот во селото Самоков каде и има и  лесно запаливи материјали.