Продолжува предизборната кампања во Кичево – Дехари од ДУИ против Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжува кампањата за вториот круг во Кичево. Фатмир Дехари од ДУИ и Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат во Кичево на 31 октомври, кандидати кои ја добија довербата од граѓаните на 17 октомври, кога се одржа првиот круг од локалните избори.

Александар Јовановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ кој е кандидат за татко на Кичево, им се заблагодари на граѓаните за гласовите и вети дека ќе работи во интерес на кичевци и ќе ги реши проблемите со кои се соочуваат тие.

Кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари ја покани дијаспората да ја потврди победата на 31 октомври, бидејќи како што рече, одлуката ја носи мнозинството, а мнозинството во нивниот град е дијаспората.

„Не само нашите гласови туку и гласовите на други кандидати, ние ги цениме како висока култура во изборната трка, каде што се одлучува за најдобриот и ова со мнозинство гласови тоа го потврдивте и ќе го потврдите на 31 октомври за да продолжиме со конкретна работа и проекти, а за тоа е доказ работата од минатото, а тоа, исто така, ќе бидат доказ и во иднина“, истакна Фатмир Дехари.

Вториот изборен круг ќе се одржи на 31 октомври во над 30 општини, каде ќе се тркаат по двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг.