Продолжува загадувањето на реката Сушица во Кичево – инспекторатот не забележал нешто сомнително, Министерството го чека извештајот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во реката Сушица и натаму се излеваат сомнителни деривати од што се шири лоша миризба. Во населбата во близина на реката прашавме неколкумина жители, тие велат дека се чувствува мирис на нафта, но не сакаа да зборуваат пред камера. Ставот на Инспекторатот за животна средина во Кичево е дека во реката не се излева ништо сомнително.

„Се наоѓаме кај реката Сушица. Иако помина една недела, во оваа река и натаму преку црево се излеваат деривати и се шири мирис на нафта. Според информациите на ТВ21, Инспекторатот излегол на терен за да види што се случува, но според нив нема ништо сомнително. ТВ21 денеска повторно излезе на терен за да ја види состојбата, но како што можете да видите од снимките, ништо не е сменето“, вели репортерката на ТВ21.

Повторно се обративме до Министерството за животна средина. Од таму ни одговорија:

„Работиме на решавање на овој проблем, се преземаат сите потребни мерки и ќе продолжиме и следниве денови се до  точно утврдување за тоа што се излева во реката“, велат од Министерството за животна средина.

Помина повеќе од една недела по пријавувањето на случајот со реката Сушица до ТВ21 од страна на граѓаните. Но до сега не е изведена ниедна конкретна активност од страна на институциите.