Продолжуваат барањата за предвремени избори. Според ВМРО-ДПМНЕ доколку сегашниот состав продолжи да биде на власт, земјата ќе влезе уште во поголема криза.
Од другата страна и Павле Трајанов, претседател на Демократски Сојуз, бара распуштање на Собранието и предвремени избори.
Но од власта истакнуваат дека воопшто не се дебатира за предвремени избори, велат дека ваквото однесување на опозицијата е антидржавна и антимакедонска, со што се изолира државата, но сепак уверуваат дека ќе направат се за надминување на пречките.
Што се однесува до албанскиот блок, Демократското Движење, Беса и ААА исто така бараат предвремени избори но под друго образложение.