Денеска продолжуваат ,мировните преговори меѓу Русија и Украина.
Засега нема информации каде се одржуваат разговорите, но се очекува присутни да бидат истите претставници.
„Сега е официјално. Вториот круг разговори меѓу Украина и окупаторот ќе се одржи денеска. Делегациите ќе бидат во ист состав“, изјави за Си-Ен-Ен помошник на украинскиот претседател.
Ова уследува по првата рунда разговори во Белорусија, недалеку од украинската граница, која не успеа да постигне никаква резолуција.
