Разрешување на в.д. директорот Филип Фидановски, побараа на денешниот протест пред Министерството за образование професоите од средно уметничко училиште. Изразувајќи го својот револт од начинот на раководење, тие го обвинија Фидановски дека го прогласил празникот Задушница за работен и организирал приемен испит на тој ден. Велат дека во повеќе наврати вд директорот го прекршил законот, за што од Државниот просветен инспекторат молчат и не реагираат.
„Најголемото криминално дејание кое го направи за кое веѓе е пријавен во финасова полиција и во основно јавно обвинителство му е покренат процес, значи си ја зголеми незакосни платата од 33.000 ден на 42.000 ден, преку фиктивно зголемување на бројот на паралелки. Имено нашето училиште има осум паралеки и секогаш имало осум паралеки но тој ги прикажа како 50 и на тој начин го манипулираше колективниот договор за средно образование“, посочи професорот Димитар Филиповски.
ТВ 21 успеа да стапи во контакт со ВД директорот Фидановски кој децидно ги отфрла обвинувањата од страна на наставниците.
„Во однос на нивните барања се тотално неиздржани и некомпетентни. Во однос на моето работење си има надлежни институции кој што може да утврдат дали јас законски постапувам или не постапувам. Основната работа на моите колеги е да се на училиште и да работат за учениците. Ние во моментов имаме наставнички совет а тие не се на наставнички совет“, истакна в.д директорот Филип Фидановски.
Фидановски најави санкционирање на наставниците кои протестираа и отсуствуваа од училиште, додавајќи дека тие не го пријавиле протестот пред министерството за образование. Од ресорното министерство за тв 21 кратко одговорија дека согласно законот за средно образование иницијатива и постапка за разрешување на директор е во надлежност на училишниот одбор. За сите останати наводи е надлежен Државниот просветен инспекторат.
